Активности

Вторник, 24 април 2018 година

Средба на Групите за пријателство Македонија - Франција

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република денеска оствари средба со г. Бернард Сор, претседател на Групата за пријателство Франција - Македонија на Националното собрание и г. Грегори Галбадон, потпретседател на Групата, a во придружба на Н.Е. Кристиан Тимоние, француски амбасадор во Република Македонија.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група, г. Панче Иванов, беа присутни и членовите на Групата: г. Петар Атанасов, г-ѓа Даниела Рангелова, г-ѓа Лидија Тасевска, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г. Никола Попоски и г. Фадил Зендели.

На почетокот од средбата, претседателот на Пратеничката група, г. Иванов, изрази задоволство и чест да се биде домаќин на оваа работна средба, со цел зголемување и продлабочување на соработката меѓу Пратеничката група на Македонското собрание и Француската Република. 

Господин Иванов упати благодарност до Франција за принципиелната поддршка што ѝ ја дава на Македонија за прашања кои се исклучително битни за нас и нашите заложби на патот кон ЕУ.

Претседателот на Групата за пријателство, г. Бернард Сор, посочи дека му е чест да присуствува на оваа средба и ја пренесе пораката дека делиме исти желби и заложби за тесна соработка помеѓу двете земји, заеднички да изградиме односи и да ги продлабочуваме истите. Исто така, истакна дека Македонија е важна земја за Франција, затоа повика на интензивирање на соработката и почести контакти за збогатување на односите и помеѓу собраниските администратори на двата Парламента.

Исто така присутните ја поздравија неодамнешната безусловна позитивна препорака за отпочнување на преговорите упатена од стана на Европската комисија, со надеж да се претвори во безусловен датум за отпочнување на преговорите.

Соговорниците побараа да се потикне размената помеѓу Франција и Македонија и на други полиња, како од областа на образованието, младите, спортот, културата, културното наследство, невладиниот сектор, како и студиски посети за Службите.

Во таа насока, француските пријатели упатија покана до нашата Пратеничката група за посета на Националното собрание на Франција наредната 2019 година.

Click