Активности

Вторник, 17 јули 2018 година

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со Пит Мароко

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со Пит Мароко, висок претставник на Бирото за операции, конфликти и стабилизации на САД.

На средбата присуствуваа членовите на Комисијата: Бетиане Китев, Весел Мемеди, Чедомир Саздовски, Зоран Илиоски и Африм Гаши.

Претседавачот Китев, во своето воведно излагање изрази задоволство од денешната средба и даде краток вовед за работата и надлежностите на Комисијата.

Поддршката од САД е континуирана, а единствено размислување на сите политички чинители во земјава е интеграцијата во ЕУ семејството и пристапот во НАТО-алијансата, посочи Китев.

Високиот претставник, Мароко  се заблагодари за средбата, која се реализира во ова посебно време за Македонија, време на големи достигнувања и неодамнешниот постигнатиот договор со соседна Грција. Воедно изрази надеж дека нема да помине многу време за да не поздрави како триесета земја-членка на НАТО.

Потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди го истакна прашањето за насилниот екстремизам кој е присутен насекаде и сме подложни на истиот, но не е посветено многу внимание  на овој проблем. 

Илиоски посочи дека за намалување на конфликтите и стабилноста на државата треба да владеат законите и да се почитуваат процедурите, а Собранието треба да е пример за тоа.

Присутните се заблагодарија за вложувањата на САД во владеење на правото како апсолутен приоритет и за подготовката на нашата држава за да се приклучи на НАТО-алијансата.

Во завршните согледувања делегацијата од САД го искажа задоволството за нашите чекори и за досега направеното и охрабри во иднина да се продолжи на оваа патека.

Click