Активности

Четврток, 7 јуни 2018 година            

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г. Џарлат Керни, експерт од Велика Британија

Комитетот за односи меѓу заедниците на барање на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, a во рамките на експертската мисија поддржана од TAEX - инструментот на ЕУ, вчера одржа средба со г. Џарлат Керни, експерт од Велика Британија, член на Комисијата за еднаквост на Северна Ирска. 

Посетата на  експертот  беше со цел запознавање со членовите на Комитетот од редот на заедниците во Република Македонија,  и разговор со нив за правната рамка на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија,  степенот на правата на заедниците кои се помалку од 20% и реализација на истите , можности за подобрување на состојбите, како и за можно идно  изготвување на измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија.

На средбата присуствуваа претседателот на Комитетот, г. Реџаил Исмаили и дел од членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците:

  • од редот на пратениците Турци, г. Јусуф  Хасани,заменик на претседателот на Комитетот;
  • oд редот на  пратениците Власи, г. Сашко Костов;
  • од редот на пратениците Роми, г. Самка Ибраимоски и
  • од редот на пратениците Бошњаци, г. Зеќир Рамчиловиќ. 

На средбата присуствуваа и пратениците г. Мирослав Јовановиќ и г-ѓа Шпреса  Хадри, како и в.д. директорот и в.д. заменик -директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
 

Click