Активности

Вторник, 17 декември 2019

Средба на потпретседателот Рамчиловиќ со делегација на Бошњачкиот национален совет од Република Србија

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, денеска имаше средба со делегација на Бошњачкиот национален совет од Република Србија.

Делегацијата беше претставена на највисоко ниво, предводена од претседателката на Советот, Јасмина Цуриќ; потпретседателот на Советот, Фуад Баќиќанин и Амила Ќосовиќ, стручен соработник.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и регионалната соработка, со акцент на положбата на Бошњаците во двете држави, потоа за можностите за унапредување на положбата преку интензивирање на соработката и поддршка на сите нивоа, но и размена на искуства и пракси во остварувањето на правата на помалкубројните народи.

„Имаме позитивни исчекори во заштитата и унапредувањето на правата на Бошњаците. Во собраниска процедура е новиот закон за остварување на правата на помалкубројните заедници со кој очекуваме дополнително да се подобри имплементацијата на законските прописи. Во таа насока, претставниците на Бошњаците од Србија добро е да воспостават поинтензивна соработка со нашите претставници во Македонија, со што позитивно би влијаеле врз процесите поврзани со положбата на Бошњаците, како што е и вашата посета денеска во Собранието“, истакна потпретседателот Рамчиловиќ.

На крајот, соговорниците изразија задоволство од одржаната средба и беа едногласни дека во понатамошниот период ќе ја интензивираат соработката со конкретни чекори и активности.

Click