Активности

Петок, 9 март 2018 година

Средба на потпретседателот Мемеди со директорот на НДИ, г. Хеншоу

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Весел Мемеди имаше средба со директорот на НДИ во Македонија, г. Крис Хеншоу во Собранието на Република Македонија.

Потпретседателот на Собранието, г. Мемеди, му се заблагодари на директорот на НДИ г. Хеншоу за сета поддршка што НДИ ја дава на Собранието на Република Македонија, сите овие години, преку различни проекти во различни состави на Собранието. 

Потпретседателот на Собранието, г. Мемеди особено се осврна на соработката и помошта на НДИ во насока на создавање и зајакнување на канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, и дека оваа значајна институција треба да се зајакне уште повеќе, особено со законски и подзаконски акти. Оваа институција треба да го заземе потребното место на релацијата пратеник-граѓани.

Директорот на НДИ во Македонија, г. Хеншоу му ја честиташе новата позиција на г. Мемеди, како потпретседател на Собранието на Република Македонија, при што истакна дека е позитивно изненаден од интересот на потпретседателот за зајакнување на оваа значајна институција - Канцеларии на пратениците за контакт со граѓаните, и дека ќе работат заедно оваа институција да го добие значајното место во правната легислатива.

Click