Активности

Среда, 21 март 2018 година

Средба на потпретседателот Мемеди со координаторката на УНДП за Македонија, г-ѓа Винтон

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Весел Мемеди имаше средба со координаторката на УНДП за Македонија, г-ѓа Луиза Винтон, во Собранието на Република Македонија.

Потпретседателот на Собранието, г. Мемеди, ѝ се заблагодари на координаторката на УНДП за Македонија, г-ѓа Винтон, за сета поддршка што УНДП ја дава за развивање и зајакнување на капацитетите на институциите на државата, вклучувајќи го тука и Собранието на Република Македонија, сите овие години, преку различни проекти, во различни состави на Собранието. 

Потпретседателот на Собранието, г. Мемеди се осврна на реактивирањето и зајакнувањето на канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните преку различни проекти за да конечно постигнеме една јака институција на релација пратеници-граѓани. Парламентот треба да биде во центарот на вниманието, особено сега кога сета енергија ја имаме посветено на евроатлантските структури.

Координаторката на УНДП за Македонија, г-ѓа Винтон, му се заблагодари на потпретседателот на Собранието, г. Мемеди, за средбата, и рече дека фактот што долго време е во Македонија е голема предност за неа, и дека зајакнувањето на институциите, особено Советите на Општините, и врската што овие мини-парламенти треба да ја имаат со Собранието на Република Македонија, е од значајен интерес, и дека УНДП и останатите меѓународни организации можат да помогнат многу во оваа насока.    

Click