Активности

Вторник, 5 ноември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ПОПОСКИ И МАНАСКОВА СО ПРЕСТАВНИЦИ НА ЈАПОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА 

Пратеникот Никола Попоски заедно со пратеничката Магдалена Манаскова вчера во Собранието остварија средба со јапонската делегација. Средбата беше иницирана од страна на јапонската делегација која е составена од експерти во областа на животна средина, екологија и буџет. 

На почетокот на средбата, преставниците на јапонската делегација презентираа податоци од нивната физибилити студија за Охридското Езеро како и за сегашниот статус и состојбата на езерото. Заинтересираноста на јапонската делегација за заштита на Охридското Езеро е поради фактот дека исто такво езеро постои во Јапонија кое датира милион години наназад. Езерото Бива исто така се соочувало со еколошки проблеми меѓутоа е изнајден начин за зачувување и заштита на истото. Делегацијата сеуште врши истражувања и собира податоци од најразлични таргет групи кои работат на проблематиката со Охрдиското езеро, и кои се директно или индиректно засегнати за овој проблем.

Пратениците Никола Попоски и Магдалена Манаскова се заблагодарија за поддршката што доаѓа од страна на Јапонија и побараа да се пренесат практиките и методологијата што е употребена во Јапонија, технологијата што е искористена се со цел да се најде долготрајно и одржливо решение за Охридското Езеро. Ја изразија нивната силна поддршка за овој проект како и подготвеноста да се вклучат во истиот. Се очекува повторна средба каде што по собирањето на сите релевантни податоци ќе се направи проект кој не само финансиски туку и методолошки ќе помогне во изнаоѓање на решение за спречување на понатамошно загадување на езерото. 

Click