Активности

Петок, 1 ноември 2019 година

Средба на пратеничките Ласовска и Затуроска со Дорис Пак и Јоханес Д. Реј

Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и Лилјана Затуроска вчера остварија средба со Дорис Пак, претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија (EPP)  и директорот на германската фондација „Конрад Аденауер Стифтунг, Јоханес Д. Реј. 

На средбата разговараа за улогата на жената во политиката и за развивање на стратегии за нејзина поголема интеграција во општеството како и интензивирање на соработката со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со сестринските партии од Европската народна партија (ЕPP).  

Дорис Пак го честиташе членството на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Асоцијацијата на жени во Европската народна партија (ЕPP) и изрази подготвеност за продлабочување на соработката со Унијата на жени и организирање на заеднички проекти, настани и обуки поврзани со јакнење на капацитетите на жените, истакнувајќи ја водечката улога на жената во општеството.  

Директорот на германската фондација „Конрад Аденауер Стифтунг, Јоханес Д. Реј ја понуди помошта од Конрад Аденауер Стифтунг при што претседателката на Унијата на жени Благица Ласовска изрази спремност за интензивирање на оваа соработка. 

Click