Активности

Петок, 24 август 2018 година

Средба на пратеничките Стаменковска и Александрова со делегација од САД

Денеска, Невенка Стаменковска и Емилија Александрова, пратенички од ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со делегација од Соединетите Американски Држави.

Делегацијата од САД изрази задоволство од можноста да бидат дел од оваа средба, и за посета на Македонија, воедно покажаа интерес за парламентарните прашања, улогата, функционирањето и составот на Парламентот. Пратеничките Стаменковска и Александрова ги запознаа гостите со составот и функционирањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, активностите на пратениците во работните тела, но и во локалните заедници преку канцелариите за контакт со граѓраните, како и за работењето на Собранието во целост.

Беше истакнат и досегашниот прогрес во однос на вклученоста на жените и младите во политичкиот живот и локалната власт, се размислува и во насока на нивно унапредување со квота од 50 % во иднина, кој е во согласност од сите политички чинители.

Не изостана ниту интересот за прашањето за претстојниот референдум, каде присутните споделија мисења и исукуства за системот на гласање и заштитата на правата на гласачите.

Во насока на отвореноста и транспарентноста на Собранието, по средбата Делегацијата продолжи со кратка тура низ Собранието.

Click