Активности

Четврток, 31 август 2017 година

Средба на пратеникот Аљими со членови на Европарламентот

Координаторот на ДУИ, г. Ејуп Аљими, оствари средба со европратениците г. Иво Вајгл, г. Кнут Флекенштајн и г. Едуард Кукан. На средбата присуствуваа и пратениците: г-ѓа Мирсада Емини-Асани и г. Агим Шаќири.

Во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес на Република Македонија и реформите кои земјата ги прави на овој пат.

До членовите на европскиот законодавен дом беше упатена порака за што поскоро добивање датум за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, како примарна стратешка цел на земјата. 

Истовремено, беше истакнато дека ДУИ ги поддржува реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница и граѓаните на Република Македонија.

На крајот од средбата, присутните изразија задоволство од укажаната можност за отворена дискусија во врска со прашања од голем интерес за Република Македонија.

Click