Активности

Петок, 1 септември 2017 година

Средба на пратеникот Тунтев со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата д-р Томислав Тунтев денеска, 1 септември 2017 година, оствари средба со пратениците од Европскиот парламент г. Иво Вајгл, г. Кнут Флекенштајн и г. Едуард Кукан. На состанокот, кој се одржа по барање на европарламентарците, присуствуваа и претставници од Европската комисија.  

На средбата се разговараше за повеќе прашања, а во фокусот на разговорите беше напредокот на политичкиот дијалог во Собранието и потребата за инклузивност на сите парламентарни групи.  Соговорниците посебно внимание посветија на актуелните процеси во Собранието на Република Македонија, особено на потребата од непречено функционирање на работата на парламентот во наредниот период и пакетот закони што се планира да биде усвоен.

Координаторот, д-р Томислав Тунтев во името на цела пратеничка група и коалицијата, изрази особена благодарност до европските пратеници за интересот што го покажуваат за работата на Собранието на Република Македонија, и изрази надеж дека Република Македонија и понатаму ќе има меѓународна поддршка за унапредување на демократските процеси во земјата, спроведувањето на потребните реформи и интеграција во ЕУ и НАТО.                                          

Click