Активности

Среда, 6 февруари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, Н.Е. РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес имаше работна средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј. Претседателот Џафери ја информираше амбасадорката за активностите на законодавниот  дом, за ратификацијата на Договорот од Преспа, реформските процеси и процесот на  одржување на претседателските избори.

Амбасадорката му честиташе на претседателот Џафери за успешно завршениот дел од обврските од Преспанскиот договор како еден важен историски момент за земјата и за целиот регион. Двајцата соговорници изјавија дека со нетрпение  го чекаат денот кога ќе се заврши процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО и исполнувањето на условите потребни  за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Претседателот Џафери, изрази благодарност за поддршката  од страна на меѓународните пријатели, и истакна дека Собранието како претставнички дом ќе продолжи да ги исполнува до крај обврските кон граѓаните со сите свои сили. Амбасадорката Галовеј уште еднаш потенцираше дека Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска стои зад Република Македонија и дека и во иднина ќе продолжи да дава поддршка во остварувањето на овие цели. 

Click