Активности

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со директорката на Директоратот за проширување, надлежен за Западен Балкан на Европската комисија, г-ѓа Геновева Руиз Калавера

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со директорката на Директоратот за проширување, надлежен за Западен Балкан на Европската комисија, г-ѓа Геновева Руиз Калавера.

На почетокот на средбата г-ѓа Геновева Руиз Калавера изрази задоволство дека при нејзината прва посета на Република Македонија има можност најпрвин да се сретне со претседателот на законодавниот дом, г. Талат Џафери.

За време на средбата, соговорниците беа согласни дека се реализира предвидената динамика на активности поврзани со ефективно и ефикасно функционирање на  Собранието на Република Македонија во извршувањето на неговите надлежности како законодавен дом.

Претседателот Џафери уште еднаш потенцираше дека Собранието станува отворено за граѓаните и граѓанскиот сектор залагајќи се притоа за промена на досегашната перцепција за Собранието и истото да стане вистински коректор на извршната власт.

Директорката на Директоратот за проширување, надлежен за Западен Балкан на Европската комисија, г-ѓа Геновева Руиз Калавера уште еднаш јасно ја истакна поддршката на европските институции на патот кон евроатланските интеграции на Република Македонија.

Европската Унија со внимателност ќе ги следи демократските процеси, владеењето на правото како и реформите во јавната администрација и ќе продолжи да биде конструктивно критична во однос на евроинтегративните процеси на државата.

Click