Понеделник, 15 мај 2017 година
Средба на претседателот Џафери со поранешните претседатели на Собранието
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше средба со поранешните претсадатели на Собранието на Република Македонија г. Стојан Андов, г. Тито Петковски и г. Никола Поповски.
На средбата поранешните претседатели му го честитаа изборот за нов претседател на законодавниот дом и му посакаа успешна работа.
Воедно тие разменија свои искуства со претседателот Џафери и го информираа дека ќе му дадат поддршка во неговата понатамошна работа.