Активности

Среда, 5 јуни 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ШВАЈЦАРСКОТО МНР, Г-ЃА МАРТИ ЛАНГ

Во текот на официјална посета на Швајцарската Конфедерација, претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од пратениците Џеват Адеми, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова, во својство на претседател и членови на Пратеничката група за соработка со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, се сретнаа со генералниот секретар на Швајцарското МНР, г-ѓа Марти Ланг.

Госпоѓата Марти Ланг упати честитки за постигнувањето на Договорот со Грција и изрази надеж дека оваа историска придобивка ќе биде уважена од страна на ЕУ и дека на Република Северна Македонија ќе и биде доделен датум за преговори во јуни оваа година.

Според неа, Република Северна Македонија во моментот е земја пример за односи со соседите за решавање тешки ситуации и дека е на прав пат за отворањето преговори во јуни 2019 година. Марти Ланг исто така упати пофалби до Собранието на РСМ за реализација на проектите во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка  и Амбасадата на ШК во РСМ .Таа истакна дека, оваа пракса во СРСМ е показател како една земја ги продлабочува билатералните односи со применувањето на овие швајцарски програми.  Изразувајќи задоволство за официјалната посета, се заложи за интензивирање на соработката во иднина на сите нивоа.

Претседателот Џафери, од името на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија се заблагодари за средбата и за можноста за плодна размена на мислења.  Тој истакна дека оваа посета го покажува заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката. Претседателот Џафери изрази задоволство што политичките односи меѓу нашите две држави се карактеризираат со пријателство и разбирање и отворен дијалог на највисоко ниво. Тој го поздрави  Проектот „Програма за поддршка на Парламентот“ за кој се потпиша Меморандум помеѓу Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Амбасадата на Швајцарија и Собранието на Република Северна Македонија.  Овој Проект има за цел да обезбеди поефикасно и инклузивно функционирање на Собранието, односно целокупно институционално јакнење, унапредување на неговата законодавна и надзорна функција и овозможување соодветен пристап до работата на Собранието на Република Северна Македонија за граѓани, граѓански организации, особено маргинализирани групи, преку зајакната транспарентност и отчетност. Континуираната соработка со Швајцарскиот парламент е дел од проектот „Поддршка на основањето и развојот на Парламентарниот институт“.

„Исто така, минатата недела во Собранието на РСМ, продолжи претседателот Џафери, се одржа Форум на Цивика Мобилитас за соработка меѓу Собранието и граѓанските организации. Сакам да изразам задоволство што бев дел од овој настан. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка чија цел се општествените промени во РСМ, поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што ќе резултира по транспарентно, по оттчетно и социјална –инклузивно управување. 

 

 Инсерти од средбата

Click