Активности

Вторник, 5 февруари 2019 година

Средба на собраниска делегација со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антоњоне 

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ) денеска оствари средба со Роберто Антоњоне, генерален секретар на ЦЕИ.

На средбата присуствуваа шефот на Делегацијата, Фадил Зендели и членовите Елизабета Канчевска-Милевска и Мирсада Емини-Асани.

Во своето воведно излагање, Зендели изрази благодарност за оваа средба, воедно упати честитка до сенаторот Антоњоне за избор на функцијата генерален секретар во период кога се одбележуваат 30 години од формирањето на оваа Иницијатива, а Италијанската Република е претседавач со ЦЕИ за 2019 година. 

Зендели истакна дека како држава во овој период се соочивме со многу предизвици, потсетувајќи на прашањето за името со Република Грција, процес кој конечно е решен на успешен начин, на што честитка упати и генералниот секретар Антоњоне, посочувајќи го како убав пример на соработка со соседите и земјите во Регионот за тоа како може да се реши едно прашање на дипломатски и позитивен начин.

Сенаторот Антоњоне го поздрави утрешното потпишување на пристапните протоколи на НАТО, како важен момент за стабилноста на Регионот и изрази подготвеност за целосна поддршка на процесот од страна на ЦЕИ.

На крајот од средбата, Зендели посочи дека во иднина ќе се вложат напори за што поголема соработка, Македонија да даде придонес и учество во сите иницијативни на ЦЕИ и да биде дел од сите наредни активности.

Click