Активности

Понеделник, 27 август 2018 година

Средби на конгресмени на САД со Комисиите за одбрана и безбедност и деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија и Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања остварија одделни средби со членови на Конгресот на Соединетите Американски Држави.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, истакна дека нашата земја е во фаза на реформи кои се обидуваме да ги донесеме во согласност со опозицијата. Беше потенцирана соработка меѓу Армиите и заедничкото учество во мировните мисии во Авганистан и Ирак.

Гостите беа информирани дека Комисијата учествува во креирање на одбранбени и безбедносни политики и е активно вклучена и во подготвувањето на Оперативниот стратешки преглед на АРМ за вклучување во НАТО. 
Конгресменот Бил Флорес истакна дека за влез во НАТО од Македонија ќе се бара справување со три предизвици: справување со корупцијата, реформи во судсвото и фер медиуми.

Присутните беа согласни дека е потребно е подобрување на условите во Армијата на Република Македонија, да се зголеми буџетот на АРМ до 2%, да се работи на едукација, обука, професионализација, со цел да се биде компактибилен со партнерите. Во овој контекст, направен е чекор напред со зголемување на платите во Армијата по долго време. 

Пристапот во НАТО не е само политички, туку сеопфатен. Важни се препораките од Конгресот на САД за со брзи чекори да одиме напред со оглед на тоа што сите сме на истиот брод.

Претставниците на конгресот имаа средба и со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Конгресот на САД е подготвен да даде поддршка на јакнењето на институциите, рече на денешната средба конгресменот Дејвид Прајс. Тој говореше за нивните искуства, каде Конгресот има обврска да врши надзор и буџетска контрола, и тоа се прави независно, без разлика кој е претседател. За разлика од Македонскиот парламент, каде на секој пет пратеници има по еден асистент, само Прајс има 17 луѓе кои работат за него. 

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, истакна дека положбата на Комисијата е значајна бидејќи таа може да врши контрола над работата во Собранието. Парламентарното малцинство ја бојкотира Комисијата, рече Богоевски, поради тоа што Комисијата донела одлука да го одземе имунитетот на пратеници за водење на судска постапка за настаните од 27 април. Тој се заложи за реформи во антикорупциското законодавство и за тоа побара помош од САД и Американската амбасада.

Click