Активности

Вторник, 30 јули 2019 година

Сто седумдесет и шеста седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 176. седница, го разгледа: Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија ) – Прешево (Република Србија) и констатира дека има потреба и уставен основ за негово донесување.

Потребата од донесување на законот ја образложи Наташа Десковска, директорка во Министерството за надворешни работи. При образложувањето на потребата од донесување на законот, повереникот го даде образложението содржано во Предлог-законот.

Комисијата eдногласно му предложи на Собранието да го донесе законот за ратификација на овој Договор.

Click