Активности

Четврток, 29 јуни 2017 година

Трета седница на Комисијата за одбрана и безбедност         

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на денешната 3. седница, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

На седницата присуствуваше претставник од Министерството за одбрана, заменик-министерот Беким Максути; претставник од Министерството за труд и социјална политика, заменик-министерот Елми Азири; претставник од Министерство за надворешни работи, заменик-министерот Арта Точи; претставник од Министерството за здравство, министерот Арбен Таравари и претставник од Центарот за управување со кризи, директорот Агрон Буџаку.

Претставникот од Центарот за управување со кризи, директорот Агрон Буџаку, ја образложи потребата од изменување на Одлуката и воедно истакна дека истата се предлага со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Во дискусијата по точката од дневниот ред учествуваа членовите на Комисијата: г. Павле Богоевски и г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски.

Комисијата за одбрана и безбедност ја проследи Предлог-одлуката на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click