Активности

Вторник, 18 декември 2018 година

Триесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 31.седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Садик Беќири, заменик-министер за транспорт и врски.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот. Комисијата го проследи истиот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click