Активности

Среда, 6 март 2019 година

Триесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 37. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за електронско управување и електронски услуги - I читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Северна Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Во образложението по Предлогот на законот претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија едногласно го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието без дискусија констатира дека Предлогот на законот за електронско управување и електронски услуги - I читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click