Активности

Четврток, 3 мај 2018 година

Тринаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната 13. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, поднесен од пратениците Павле Богоевски, Томислав Тунтев, Јован Митрески, Агим Шаќири, Шпреса Хадри и Мирсада Емини Асани (по скратена постапка).

Воведно образложение по Предлогот на закон претставник на предлагачите, пратеникот Павле Богоевски.  Тој истакна дека со брзиот развој на технологијата во сите индустрии а посебо во автомобилскакта, ИТ и медицинската, коомпаниите се принудени на постојано следење на технолошкиот прогрес модернизирање на производствените процеси, што создава неопходност за постојано инвестирање во истражување , развој и надградба на знаењето и вештините  на вработени. Имајќи го во предвид овој глобален тренд компаниите се почесто своите вложувања ги алоцираат во технологијата, опремата, знењето наместо во недвижнини. Ова е се повеќе изразено во амариканските компании од виско технолошка автомобилска и информатичка индустрија. Со предлог закон се овозможува давање на закуп на земјиште во технолошки индустриски развојни зони на домашно или странско физичко или правно лице кое склучува Договор за закуп на земјиште во технолошко индустриска развојна зона на кое ќе изгради објект за потребите на корисник кој ќе врши дејност согласно овој закон.

Паралелно со донесувањето на Законот за финансиска поддшка на инвестициите, измените на Законот за ТИРЗ ќе ја зголемаат атрактивноста на ТИРЗ зоните особено за брзорастечките компании од Република Макаедонија и од странство, кои допоплнително ќе креираат нови високо-платени работни места, и ќе го зголемат и диверзифицираат извозот од  Република Македонија. Воедно, измената отвора можност за градежниот сектор како и подеднакво за домашните и странски инвеститори. Во трката за првилекување на странски инвеститори во одредени земји од нашето соседство објектите за инвеститорите ги градат локалните или централните власти спротивно на регулативата за јавни набавки и државната помош. Тоа е нотирана и од Европската комисија како државни поволности кои не се нотифицираат до надзорните тела за заштита на конкуренцијата. Со измените на Законот за ТИРЗ ова прашање се остава на слободноите текови на локалниот пазар и деловното опкужување, при тоа обебзедувајќи конкурентна бизнис клима, без допоплнителни трошоци за државниот буџет. Сопственоста на земјиштето во Зоните е во сопственост на Република Македонија а се издава на под долготраен закуп. Од преговарачките тимови кои се во комуникација со потенцијалните инвеститори, забалежеан е огромен интерес за овој концепт и се очекува во много скоро време да донесе нови инвестииции во зоните. Овој концепт е подолго време разгледуван а неговата имплеметација  ќе допринесе кон растот на економојата поради што треба да се поддржи од сите политички фактори.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони го проследи нанатамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


Click