Активности

Понеделник, 19 март 2018 година

Тринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 13. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:  

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронско управување;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
  4. Предлог-законот за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација и г-а Јулијана Атанасова, помошник раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски.

Во образложението по Предлог-законите, претставниците на Владата ја нагласија потребата за донесување, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

Комисијата, по сите точки, едногласно го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека Предлог-законот е прифатливи и треба да се даде на натамошно читање.
Click