Активности

Среда, 28 март 2018 година, Женева

Учество на генералната секретарка Иванова на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува во рамките на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (24-28 март 2018 година, Женева, Швајцарска Конфедерација).

На Заседанието на ЗГСП, мегу другото, се дискутираше за соработката меѓу парламентите и владите во планирањето и организацијата на парламентарното работење, судскиот надзор врз парламентите, слобода на говорот на пленарните седници и парламентарните привилегии, влијанието на Брегзит врз другите парламенти од Европската Унија и сл.

Генералните секретари на парламентите на заседанието во Женева избраа нови потпреседатели и членови на Извршниот комитет на ЗСГП.

Здружението на генералните секретари на парламентите е консултативно тело на Интерпарламентарната унија, во кое членуваат генерални секретари на парламентите членки на ИПУ. На состаноците на Здружението на генералните секретари, што се одвиваат паралелно со редовните собранија на ИПУ, се разменуваат мислења за стручни прашања од работата на парламентите, при што членовите на Здружението подготвуваат извештаи и излагања за одредени теми и расправаат за нив. 

Click