Активности

Вторник, 22 мај 2018, Букурешт

Учество на пратеникот Џеват Адеми на Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 21 до 22 мај 2018 година во Букурешт, Романија, се одржува Конференцијата на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која учествува, г. Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

На учесниците на оваа Конференција со воведни излагања им се обрати г. Ливиу Драгнеа, претседател на Претставничкиот дом на Романија, г-ѓа Виорика Данчила,  претседател на владата ан Романија, г. Теодор Мелешкану, министер за надворешни работи, г-ѓа Габриела Фиреа, градоначалник нa Букурешт, д-р проф. Сорин Чимпеану, претседател на Универзитетската агенција на Франкофонијата и член  на романската секција во Парламентарното собрание на Франкофонијата, г. Серѓу Нистор, личен претставник на претседателот на Романија за Франкофонија и г-ѓа Симона Букура-Опреску, претседател на романската секција во Парламентарното собрание на Франкофонијата. 

На оваа Конференција се дебатираше за промоција на Франкофонијата, подготвувањето на XXXI Регионално собрание Европа на ПСФ и определување на централната  тема, што ќе се одржи во Андора во октомври 2018 година, следење на резолуциите на ПСФ, усвоени на Годишната сесија на ПСФ во Луксембург во 2017 година, Извештаите на комисиите на ПСФ од Регион Европа и други прашања од делокругот на ова меѓународно парламентарно собрание.

На учесниците на оваа Конференција со прилози им се обратија г-ѓа Санда-Мариа Арделеану, поранешен претседател на романската секција во ПСФ, Н.Е. г-ѓа Рана Мокадем, претседател на Групата амбасади, делгации и франкофонски институции (GADIF), г-ѓа Рени Јотова, директор на Регионалното биро на Меѓународната организација на Франкофонијата за централна и Источна Европа (BRECO), г. Ив Каракацанис, генерален директор на Dacia и Групацијата Renault Roumanie, Н.Е. г-ѓа Мишел Рами, амбасадор на Француската Република во Романија, г. Мохамед Кетата, Регионален директор на Универзитетската агенција на Франкофонијата за Централна и Источна Европа и г-ѓа Моника Жиман, претседател на Франкофонската мрежа на жени претприемачи.

Во оваа прилика пратеникот г. Џеват Адеми  имаше можност да воспостави контакти со сите претседатели на секциите на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа и да ги информира за состојбите во Република Македонија, како и да размени мислења со пратениците од заеднички интерес.

Click