Четврток, 2 ноември 2017 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРЕШЕВО, Г. ШЌИПРИМ АРИФИ
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска реализираше кратка протоколарна средба со градоначалникот на Прешево, г. Шќиприм Арифи.
На почеток на средбата, градоначалникот на Прешево, г. Шќиприм Арифи ја искористи приликата да му честита на г. Талат Џафери за изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, и изрази уверување дека претседателот на Собранието Џафери ќе ја исполни оваа обврска одговорно и со дигнитет.