Вторник, 20 јуни 2017 година, Брисел
Учество на собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција за ЕУ законодавниот процес
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Бетиане Китев, г-ѓа Шпреса Хадри, г. Илија Димовски и г. Африм Гаши, на 19 и 20 јуни 2017 година, учествува на Интерпарламентарната конференција на тема: „ЕУ законодавен процес - од законодавна иницијатива до имплементација и мониторинг", во организација на Европскиот парламент, која се оддржува во Брисел, Кралството Белгија.