Средба на претседателот Џафери со претседателот на Сенатот ...

Четврток, 12 јули 2018 година, Варшава

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Сенатот на Република Полска, г. Станислав Карчевски 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана на своите колеги од Парламентот на Република Полска, учествува на Третиот самит на претседатели на Парламенти од Централна и Источна Европа, како и на прославата на 550 години од првата седница на Сејмот на Полска. 

Пред официјалниот почеток на Самитот, претседателот Џафери оствари средба со домаќинот, г. Станислав Карчевски, претседател на Сенатот на Република Полска и на почетокот на средбата, изрази благодарност за конзистентната полска поддршка на реформските активности на земјата како и силната и реафирмирана поддршка на евроинтеграциските процеси на Република Македонија. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери, на 3. Самит на спикери на...

Четврток, 12 јули 2018, Варшава

Обраќање на претседателот Џафери на 3. Самит на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа на тема „Парламентите во меѓународните политики“ 

Во последниве 30 години од паѓањето на железната завеса со која Европа беше поделена на два идеолошки антагонистички блока, многу работи се променија. Ние, државите и народите од Југоисточна Европа кои бевме од другата, јас би рекол темната страна, во овие триесет години на транзиција сепак успеавме да ги вратиме во нашето секојдневие многу цивилизациски и демократски принципи и стандарди кои поради идеолошки причини ни беа забранети, и тука мислам на почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи. 
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Парламентарна конференција во Белг...

Четврток, 12 јули 2018 година

Собраниска делегација на Парламентарна конференција во Белград

Делегација на Собранието на Република Македонија од Комисијата за економски прашања, во состав: заменик-претседателот на Комисијата Агим Шаќири, членот Драган Цуклев и заменик-членката Анета Симеска-Димоска, учествува на Парламентарна конференција посветена на можностите за трговски олеснувања и инвестиции во регионот на земјите од Западен Балкан и Медитеранот, која се одржува на 12 и 13 јули 2018 година во Белград, Република Србија. 

Прочитај повеќе

Интер-парламентарна конференција на тема: "Добро упра...

Четврток, 12 јули 2018 година, Брисел

Интер-парламентарна конференција на тема: "Добро управување со фондовите на ЕУ: контролна и надзорна функција на Парламентот во трошење на буџетските средства"

На Конференцијата учествува Делегација од Собранието на Република Македонија и тоа претседателката на Комисијата за финанансирање и буџет Лилјана Кузмановска, потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, пратеникот Панче Иванов, член на Комисијата за финансирање и буџет и пратеничката Шпреса Хадри, членка на Комисијата за европски прашања.
Прочитај повеќе

Доделување пофалници на вработените во Службата на Собрание...

Среда, 11 јули 2018 година

Доделување пофалници на вработените во Службата на Собранието 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери и генералната секретарка, г-ѓа Цветанка Иванова, доделија пофалници на вработените во Службата на Собранието на Република Македонија, кои ги преземаа сите неопходни стручни, административни и технички подготовки за успешна реализација на 98-миот Рос-Рот семинар.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставниците на бошњачк...

Среда, 11 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претставниците на бошњачката заедница

Во насока на одбележувањето на 11 Јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со претставниците на политичката партија Бошњачки демократски сојуз, претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Усвоена „Декларацијата од Берлин“...

Среда, 11 јули 2018 година

Усвоена „Декларацијата од Берлин“

Со усвојување на „Декларацијата од Берлин“, денеска во главниот град на Сојузна Република Германија заврши 27. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која учествуваше Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: шефот на Делегацијата Владимир Ѓорчев и членовите Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили. 

Прочитај повеќе

Родовото насилство е едно од најеклатантните повреди на чов...

Вторник, 10 јули 2018 година

Родовото насилство е едно од најеклатантните повреди на човековите права

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: шефот на Делегацијата Владимир Ѓорчев и членовите Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, учествува на 27. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 7 до 11 јули 2018 година во Берлин, Сојузна Република Германија. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Нацио...

Понеделник, 9 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички совет, г. Џанг Чингли и членовите на Делегацијата   

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички совет, г. Џанг Чингли и членовите на Делегацијата. На средбата присуствуваа и координаторите  и претставниците на политичките партии застапени во Собранието на Република Македонија.  

Посетата се реализира во година кога се одбележуваат 25 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави и претседателот Џафери ги оцени билатералните односи како пријателски, отворени и засновани на заемно почитување. 

Прочитај повеќе

Економскиот развој е приоритет за сите земји...

Понеделник, 9 јули 2018 година

Економскиот развој е приоритет за сите земји

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина оствари средба со потпретседателот на Националниот комитет на Кинескиот политички и консултативен совет на 13. Национален когрес, Џанг Чингли и делегацијата, која е во тридневна официјална посета на Република Македонија.

Прочитај повеќе
1...697071...117                                                                                                                      
Click