Активности

Вторник, 10 ноември 2020 

Адеми: Најголем приоритет е членството во ЕУ заради младите и нивната иднина

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, денеска имаше свое обраќање на виртуелната 18. Меѓународна младинска  конференција на тема: Европските вредности за иднината на земјите во ЈИЕ, на која зедоа учество  претставници на млади од 16 земји, со цел европската иднина на регионот со заеднички дијалог и размена на мислења и практики.

Адеми учествуваше во крајната завршна сесија, каде имаше свое излагање во врска со понатамошните чекори за младите од овој регион за изградба на подобро место за живеење и просперитет на младите.

Осврнувајќи се на младите во нашата држава, истакна дека тие живеат во мултикултурно и мултиетничко општество, отсекогаш низ вековите, но дека во целата таа различност, постои една единствена цел и заложба, Северна Македонија да стане земја членка на Европската Унија. Како пратеник и претставник на политичката партија ДУИ, но, пред сѐ, како претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Северна Македонија, Адеми  рече дека најголем приоритет е заложбата нашата држава да стане членка на Европската Унија, токму заради младите и нивната иднина.

Во овој процес, истакна тој, неопходно ќе биде да ги вклучиме и младите со нивното знаење и стручност. Комисијата за европски прашања, и претходно, но и сега, продолжува со праксата за значајните процеси во нашата држава да ги вклучува граѓанските организации, на јавните расправи и комисиските седници. Притоа,  посочи дека  ќе се залага за  нивна вклученост во општествениот систем, особено за прашањата кои се од значење на младите и креирањето на младинските политики.

На конференцијата свои излагања имаа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и европратеникот и известител за Македонија, Илхан Ќучук, како и повеќе младински aктивисти од регионот.

Click