Активности

Четврток, 9 декември 2021

Александар Николоски на средба со Групата за соработка Северна Македонија - Франција

Александар Николоски, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, во рамките на посетата на Париз, на 6 и 7 декември, оствари средба до Бертранд Сор, претседател и Лилијана Танги, потпретседател на Групата за соработка Северна Македонија - Франција, на Националното собрание на Француската Република.

На средбата се зборуваше за развојот на меѓусебната соработка и надградбата на големото пријателство што постои меѓу двете држави.

Беше констатирано дека нашата земја заслужува подобра иднина, владеење на правото, подобар животен стандард, странски и домашни инвестиции и интеграција во ЕУ. 

Click