Активности

Петок, 4 март 2022

Арбер Адеми на КОСАК конференција во Париз 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, денеска и утре учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се одржува во Париз, во рамките на  Француското претседателство со ЕУ. 

По Првата сесија на Конференцијата посветена на „Реализацијата на француските приоритети во изминатиот период од 1 јануари 2022 година воведно излагање имаше францускиот премиер, Жан Кастекс, кој посебно се задржа на актуелните случувања во Украина и европската солидарност и поддршка во овие тешки моменти за земјата.

Во рамките на оваа сесија се обрати Адеми кој истакна дека Северна Македонија ги поддржува сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, при што информира за вчерашното усвојувањето на Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Поддржувајќи го барањето на Украина за ЕУ членство, побара поддршка од страна на Европската Унија за забрзување на процесот за што поскоро отпочнување на преговорите со Северна Македонија, кои  секако дека ќе имаат позитивен ефект во економски, но и безбедносен контекст за земјата и регионот пошироко. 

На маргините на Конференцијата, Адеми реализираше повеќе билатерални средби со своите колеги пратеници од парламентите на земјите членки, како и од регионот, на кои беа разменети повеќе мислења и ставови за темите од дневниот ред.

Исто така, на Конференцијата стана збор за „Европскиот план за обнова, климатските промени и преносот на енергијата, како и за претстојната Конференција за иднината на Европа

Click