Активности

Вторник, 2 февруари 2021 година

Чешката Република е добар пример за нашиот европски пат

Претседателот на Пратеничката група за соработка со парламентот на Чешката Република, Нанад Коциќ, денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република  во Република Северна Македонија, Н.Е. Мирослав Томан. 

На средбата, претседателот Коциќ изрази благодарност за досегашната континуирана поддршка што нашата земја ја добива од Чешката Република за македонските европски интеграции. Тој укажа дека Чешката Република е добар пример за нашиот европски пат од кои може да црпиме многу искуства.   

Понатаму истакна дека билатералната комуникација меѓу нашите две земји се одвива на високо ниво, со динамичен и континуиран политички дијалог, плодна соработка во повеќе области од заемен интерес. Тој ја посочи потребата од продлабочување на соработката во областите на туризмот и бизнисот, како и поттикнување за соработка меѓу невладините сектор во двете земји. 

Амбасадорот Томан изрази задоволство од средбата и истакна дека здравствената состојба предизвикана од Ковид-19 во моментов не дозволува физичка средба меѓу парламентарците од двете земји па затоа најсоодвено ќе биде остварување на онлајн состанок меѓу нив. Тој се согласи со потребата за понатамошен развој на туризмот меѓу двете земји, како и за повторно воспоставување на директна авиолинија меѓу Скопје и Прага. Истакна дека е отворен за соработка и дека е подготвен да ги поддржи сите иницијативи што доаѓаат од пратениците во Собранието.        

На крајот на средбата, беше оценето дека двете земји ќе продолжат со јакнење на соработка во сите области од земен интерес. 

Click