Активности

Вторник, 21 декември 2021

Четиринаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност 

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, на второто продолжение на денешната 14. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки.

На седницата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Зоран Маневски, заменик-министер за економија. 

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски, ги извести пратениците дека по Предлог-законот, во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.   

Комисијата за одбрана и безбедност го проследи Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки на натамошна постапка во Собранието. 

Click