Активности

Петок, 7 мај 2021 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната 14. Седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

1. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти;
2. Предлог закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти;

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата присуствуваше Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.Заменик-министерот за транспорт и врски, Реџепи ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по првиот Предлог закон учествуваа пратениците: Маја Морачанин, Коле Чаракчиев, Сурија Рашиди и Панчо Минов.  По расправата, Комисијата, со 8 гласа „за“ и 1 глас „против“  оцени дека Предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на вториот Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, поднесени се вкупно осум амандмани, од кои три беа усвоени, три неусвоени и два повлечени.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Ане Лашкоска, Љупчо Пренџов, Бране Петрушевски и Коле Чаракчиев.

Исто така, врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието, Комисијата за транспорт,врски и екологија поднесе и усвои четири амандмани.

По расправата, Комисијата, го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието.

Click