Активности

Понеделник, 22 март 2021 година

Четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања, денеска, на 4. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градежните производи (во прво читање).

Воведно образложение по Предлог-законот даде заменик-министерот за економија, Зоран Маневски. Тој истакна дека со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи се врши усогласување на прекршочните одредби согласно  член 132 став (1) од Законот за прекршоците. Целта е да се овозможи намалување на висината на глобите и  дефинирање на носењето и објавата на македонски национални стандарди или македонски технички прописи за градежните производи од нехармонизираното подрачје и  да се усогласи со промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија.

На крајот од расправата, Комисијата за економски прашања со шест гласа „за“ и два гласа „против“ заклучи дека горенаведениот Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click