Активности

Четврток, 29 октомври 2020

Четврта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност, на денешната Четврта седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за приватно обезбедување.

На седницата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши.

Во своето обраќање заменик-министерот истакна дека предложените измени се во насока на усогласување со Законот за прекршоците во делот на прекршочните одредби, односно глобите. Исто така, истакна дека предложените измени се со цел имплементација на Уставните амандмани (XXXIII – XXXVI) и Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани.

Комисијата за одбрана и безбедност, со 7 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, констатира дека Предлог-законот за изменување на Законот за приватно обезбедување е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click