Активности

Четврток, 18 февруари 2021

Четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната 4. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја;
  2. Предлогот на закон за изменување на Законот за ловството;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;
  4. Предлогот закон за изменување на Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата;
  5. Предлогот на закон за изменување на Законот за органско земјоделско производство;
  6. Предлогот на закон за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи;
  7. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи;
  8. Предлогот на закон за изменување на Законот за здравјето на растенијата.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Димковски ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со истите.

Во дискусијата по Предлог-законот за изменување на Законот за органско земјоделско производство учествуваа пратениците: Панчо Минов, Љупчо Димовски и Здравко Трајанов, а по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи - пратениците Златко Пенков и Панчо Минов.

Комисијата, со по 6 гласа „за“ и 5 „против“ по сите Предлог-закони го усвои следниот ист Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.