Активности

Четврток, 27 мај 2021

Цветанка Иванова на Заседание на Здружението на генерални секретари на парламенти

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува на 26 и 27 мај 2021 во виртуелен формат, во рамките на 142. Собрание на Интерпарламентарната унија.

Главна тема за дискусија на Заседанието на ЗГСП е: „Улогата и организацијата на парламентите во време на пандемија“.

Генералните секретари на парламентите се осврнаа на организацијата на парламентарното работење во состојба на здравствена криза, прилагодувањето на законодавниот процес, дигиталната трансформација на парламентите во контекст на пандемијата, предностите и недостатоците од одржувањето на хибридни пленарни седници, предизвиците со гласањето од далечина, програмите за посетители и вебинарите за училиштата, преземените санитарни мерки, политичките, административните и логистичките предизвици за обезбедување на континуирано функционирање на меѓународните парламентарни собранија,  како и следните чекори по завршувањето на пандемијата.

Генералниот секретар на Интерпарламентарната унија, Мартин Чунгонг, се обрати на заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите со презентација за активностите и предизвиците со кои се соочува Унијата.

Здружението на генералните секретари на парламентите е консултативно тело на Интерпарламентарната унија, во кое членуваат генерални секретари на парламентите - членки на ИПУ. На состаноците на Здружението на генералните секретари, што се одвиваат паралелно со редовните собранија на ИПУ, се разменуваат мислења за стручни пра¬ша¬ња од работата на парламентите, при што членовите на Здружението под-гот¬ву¬ваат извештаи и излагања за одредени теми и расправаат за нив. 

Click