Активности

Четврток, 10 март 2022

ДЕЛЕГАЦИЈАТА ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА МЕДИТЕРАНОТ НА НЕГОВАТА 16. РЕДОВНА СЕСИЈА

Парламентарното собрание на Медитеранот, од 9 до 10 март 2022 година, ја  одржа својата 16. редовна сесија во Обединетите Арапски Емирати. На настанот, на кој присуствуваа делегации од земјите членки на Медитеранот, Собранието на Република Северна Македонија беше претставено од Делегацијата во полн состав: Ѓорѓија Сајкоски, шеф и членовите Енес Ибрахим и Абдула Салиу.

Сесијата ја отвори Сакр Ал Гобаш, спикер на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати. Тој истакна дека е голема чест што Националниот совет на Арапските Емирати е домаќин на овој важен настан на Парламентарното собрание на Медитеранот. Според него, скорешното членство на неговата земја во ова Парламентарно собрание значи можност за поблиска соработка со земјите членки на Медитеранскиот регион, особено во однос на борбата против тероризмот и промовирањето на човековите права.

Генарио Миљоре, претседател на Парламентарното собрание на Медитеранот, исто така, се обрати на отворањето на сесијата. Тој им посака добредојде на сите делегации и размени мислења за актуелната ситуација со Ковид пандемијата, но и за идните активности на Собранието.

Во воведните излагања, свое видео-обраќање имаше и д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

На настанот се водеше дискусијa за дијалогот меѓу цивилизацијата и човековите права, економска, социјална и еколошка коорпорација и политичко-безбедносната соработка. Исто така, во рамките на сесијата се разгледаа Извештаите и Нацрт-резолуциите што беа подготвени за овогодинешната 16. Годишна сесија на Собранието, кои беа изгласани од страна на учесниците. За време на сесијата, беа објавени и петнаесетте добитници на наградата на Парламентарното собрание на Медитеранот за 2022 година.

Сесијата во Обединетите Арапски Емирати се подготви по повод прославата на 14. издание на Денот на Медитеранот, кој се слави секоја година на 21 март, од 2008 година навака. Темата избрана за 2022 година е „Улогата на парламентарците во борбата против климатските промени во сите земји на Парламентарното собрание на Медитеранот“. Оваа 16. пленарна сесија ја одбележа и официјалниот прием на Парламентите на Катар и Обединетите Арапски Емирати како нови земји членки на ова Собрание.

Click