Активности

Вторник, 21 септември 2021

Десетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието, на денешната 10. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за дополнување на законот за ловството (прво читање); поднесен од пратениците: Бастри Бајрами, Павле Трајанов, Даниела Колева, Боби Мојсоски, Дарко Каевски, Илија Николовски и Бајрам Кадрија.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на предлагачите на Предлог-законот, присуствуваше пратеникот Илија Николовски, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: Здравко Трајанов, Панчо Минов, Диме Велковски и Љупчо Димовски.

По расправата Комисијата со мнозинство гласови „за“ и 1 „воздржан“ го усвои следниот ЗАКЛУЧОК:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот за дополнување на законот за ловството (прво читање) и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click