Активности

Понеделник, 20 септември 2021

Дваесет и четврта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, на денешната 24. седница, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

На седницата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Башким Хасани, заменик-министер за одбрана.

Во своето обраќање, тој ги информираше присутните дека според Предлог- се испраќа еден припадник на Армијата за период од шест месеци, сметано од декември 2021 година до јуни 2022 година.  Комисијата ја проследи оваа Предлог-одлука на натамошна постапка во Собранието. 

Click