Активности

Четврток, 10 февруари 2022

Дваесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на вчерашната 21. седница, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлог-годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година;
  2. Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство, присуствуваше директорот на Агенцијата, Томислав Тунтев, кој ја образложи Предлог-годишната програма.

Претседавачката со Комисијата, Ане Лашкоска, ги извести членовите на Комисијата дека Владата не доставила мислење по истата.

Во дискусијата по Предлог-годишниот финансиски план учествуваа пратениците Бојан Стојаноски и Мирче Аџиоски.

Комисијата, со 5, односно 6 гласа „за“ го усвои предлогот со кој Комисијата му предлага на Собранието да ги донесе Одлуките за давање согласност на Предлог-годишната програма и Предлог-годишниот финансиски план.

Click