Активности

Четврток, 30 декември 2021

Дваесет и седма седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, на денешната 27. седница ја разгледа Информацијата за потребата од продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со склучување на договор со Владата на Соединетите Американски Држави (MK-B-UCC (A2) од 20.12.2021 година).

На седницата присуствуваа заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани; бригадниот генерал Орце Јордев и полковникот Тони Седмаков.

Во своето обраќање, заменик-министерот Хасани истакна дека продолжувањето на процесот на набавката е во согласност со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019 - 2028 и Планот за опремување и модернизација на Армијата.   

Генералот Јордев ги информираше пратениците дека почетоците на проектот датираат од 2019 година, кога Владата го донела Годишниот план за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2019 година.

Од своја страна, полковникот Седмаков имаше Power Point презентација, преку која ги информираше членовите на Комисијата за целиот проект, т.е. фазите на набавката на 152 возила до 2024 година, нивното опремување со соодветно   вооружување, обуката  на  персоналот, начинот и постапката за нивната употреба  и одржување, логистичката поддршка, како и следните чекори и планови во насока на опремувањето и модернизација на Армијата.

На крајот, претседателот на Комисијата, Миле Талевски, констатираше дека Комисијата за одбрана и безбедност ја разгледа Информацијата.

Click