Активности

Среда, 22 декември 2021

Дванаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието, на вчерашната 12. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија;
  2. Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Зоран Маневски, заменик-министер за економија, како и Борче Јоновски, претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во дискусијата по Предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, се вклучија пратениците Панчо Минов, Зоранчо Јованчев, Здравко Трајанов, Петар Ристески, Златко Пенков, Марија Костадинова и Дајанчо Ефтимов.

Во Дополнетиот предлог на овој Закон вграден е еден амандман поднесен од пратеникот Панчо Минов, усвоен од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Законодавно-правната комисија.

Претседавачот на Комисијата, Дајанчо Ефтимов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: Миле Лефков, Панчо Минов, Бети Рабаџиевска Наумовска и Дајанчо Ефтимов, кои ја поддржаа потребата од донесувањето на законското решение и дадоа забелешки за подобрување на истото.

По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 




Click