Активности

Среда, 23 јуни 2021 година

Единствен пат за Албанија и Северна Македонија е заедничкиот пат кон ЕУ

Претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, Изет Меџити  со членовите, вчера оствари средба со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија и членовите на Делегацијата.

На средбата претседателот на Групата, Меџити, им посака добредојде во Собранието со физичко присуство, потсетувајќи дека имавме тешка година позади нас, справувањето со Ковид 19 пандемијата. Тој истакна дека Северна Македонија повеќе од една година е триесета земја членка на НАТО, со надеж за што поскорешно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, на двете земји, што би значело напредок за целиот Западен Балкан. 

Меџити им го честита изборот на Албанија за привремена членка на Советот за безбедност.

Претседателката Кодели, односите меѓу двете држави ги оцени на највисоко ниво,  истакнувајќи дека Групите за сорабoтка во парламентите ја прошируваат и продлабочуваат соработката меѓу членовите и се мост меѓу државите и народите.

И покрај тоа што земјите имаат различни бариери, Кодели посочи дека единствен пат за Албанија и Северна Македонија е заедничкиот пат ко ЕУ, и дека заедно може да се направи.

Членовите на Групите, ја поздравија позитивната вест за укинување на роамингот, меѓу државите, но исто така беа согласни за проширување на иницијативата за поедноставување на граничните процедури, едношалтерскиот систем, за патници и возила по примерот на граничниот премин Ќафасан. 

Исто така, членовите истакна дека односите меѓу земјите се пријателски, братски и нема отворени прашања, со заедничка цел за нивно продлабочување во иднина и подобрување на инфраструктурно поврзување.

Click