Активности

Вторник, 9 март 2021

Француските искуства добродојдени за што подобар Економско-социјален совет

Пратеничката Маја Морачанин оствари средба со Жан-Мари Камбасерес, претседател на Секцијата за европски и меѓународни прашања при Економско-социјалниот совет и за животна средина на Франција.

На почетокот, Камбасерес информираше за начинот на делување на нивниот Совет, тековните реформи, за тоа дека имаат склучено меѓународни договори со многу земји во светот, дека се финансиски обезбедени, а по францускиот пример е оформен и Европскиот економско-социјален совет.

Како пратеничка од зелената партија ДОМ, за Морачанин сфера на интерес се прашањата за животната средина, како врвен приоритет и во тесна врска со социјалниот аспект. Во таа насока, добродојдени се искуствата од Франција, со цел подобрување на работата на овдешниот Економско-социјален совет.

Морачанин го информира гостинот дека со македонскиот Економско-социјален совет претседава министерката за труд и социјална политика, а е составен од 12 членови, по четири од Владата, здруженијата на работодавачи и синдикатите, што смета дека е недоволно за поинклузивно третирање на темите. Таа ги истакна нејзините залагања во него да бидат вклучени невладиниот сектор, академската сфера, граѓански здруженија, пратеници и теми како животната средина и климатските промени.

Од двете страни се покажа интерес за поинтензивна соработка за што подобро функционирање на Економско-социјалниот совет и решавање на проблемите од сферата на животната средина. 

Click