Активности

Петок, 23 јули 2021

Глобална размена на ХДП за етика и интегритет во парламентот

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Панчо Минов и членовите и заменик-членовите на Комисијата, Белкиса Зеќири, Марија Костадинова, Дајанчо Ефтимов, Арбана Пашоли и Рина Ајдари, зедоа учество на Глобалната размена на Комисијата за демократско партнерство (ХДП) на тема: „Етика и интегритет во парламентот“.

Размената беше организирана од Националниот демократски институт (НДИ) и Партнерството за демократија на Претставничкиот дом на САД.

Глобалните партнери на ХДП, пратеници и членови на службите на парламентите на Гамбија, Грузија, Кенија, Косово, Северна Македонија и Украина, имаа можност да разговараат за важноста на рамките на парламентарната етика и најдобрите практики за преземање одговорност на пратениците и службениците.

Оваа програма обезбеди можност учесниците да се вклучат во дијалог со колегите од Конгресот на САД во врска со еволуцијата на етичката рамка на Владата на САД, деталите за тоа како субјектите, како на пример Комитетот за етика на САД во Претставничкиот дом, ги поддржуваат етичките рамки и воведуваат сообразност за членовите и службениците и за тоа како членовите на САД обезбедуваат интегритет на етичкиот процес додека се справуваат со комплицираната динамика за преземање на одговорност од страна на нивните колеги.

На настанот зеде збор и конгресменот Џон Х. Рутерфорд, почесен член на Комитетот за етика на Претставничкиот дом на САД.

Click