Активности

Понеделник, 26 април 2021 година

Групите за пријателство ги продлабочуваат односите меѓу земјите 

Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, денеска, оствари средба со хрватската амбасадорка, Н.Е. Нивес Тигањ. 

На средбата покрај претседателката на Групата, Благица Ласовска, беа присутни и членовите: Ѓорѓија Сајкоски, Фаница Николоска, Вјолца Адеми, Соња Михаиловска и Синиша Стојаноски. 

На почетокот од средбата, претседателката Ласовска, упати благодарност до Тигањ за нејзината активност, од кога е амбасадорка во земјава.

Притоа, искатна дека двете држави немаат отворени прашања, а во однос на билатералното ниво се негуваат и постојат навистина блиски и пријателски односи помеѓу нив. Хрватска е голем подржувач на нашите аспирации кон Европската Унија, а ние остануваме посветени на Берлинскиот процес, рече Ласовска.

Амбасадорката Тигањ, истакна дека Хрватска како земја членка на ЕУ, може многу да помогне во процесот на отворање на поглавјата, во различни сегменти, преку техничка помош што им е понудена на институциите во Северна Македонија, а со цел градење на капацитетите за преговори со Унијата. 

Соговорниците беа согласни дека парламентарната демократија, може да одигра значајна улога во продлабочување на соработката меѓу двете земји и тоа во делот на економијата, културното ниво, како и образованието. 

Од средбата произлезе и предлогот на нашата Група за реализирање на следен виртуелен состанок, со цел запознавање со Групата за пријателство во хрватскиот Сабор.

Click