Активности

Среда, 16 декември 2020

Комисијата за одбрана и безбедност на Вебинар за парламентарниот надзор над военото разузнавање

На покана на Секретаријатот на ПС на НАТО во соработка со ДЦАФ - Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, вчера, преку платформата KUDO,  членови од Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието учествуваа на Вебинар за парламентарен надзор над военото разузнавање.

Вебинарот беше наменет за постојаните делегации во ПС на НАТО и за членови на релевантните парламентарни комисии надлежни за парламентарниот надзор и безбедносните прашања во земјите членки на НАТО, како и за нивните стручни служби. 

На Вебинарот учествуваа пратениците: Илија Николовски, заменик-претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Павле Трајанов и Арбана Пашоли, членови; како и Бране Петрушевски и Рина Ајдари, заменик-членови на Комисијата за одбрана и безбедност. Од страна на Службата, Вебинарот го следеа советникот на Комисијата за одбрана и Секретаријатот на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО. 

Со оглед на тоа што парламентарците имаат суштинска улога во надзорот на разузнавачките агенции, како и на тоа дека надзорот над цивилните разузнавачки тела во моментов се реформира низ евроатлантските земји, фокусот на овој Вебинар беше соочувањето со предизвиците во ефикасното надгледување на воените разузнавачки тела.

На Вебинарот, на кој учествуваа и експерти за надзор на парламентот на ДЦАФ, свои излагања имаа д-р Миндија Вашакмадзе, виш научен соработник во Фондацијата Макс Планк за Меѓународниот мир и владеењето на правото и Кеван Џонс, пратеник и заменик-претседател на Комисијата за разузнавање и безбедност на Парламентот на Велика Британија.  

Click