Активности

Среда, 19 мај 2021

Конференција за иднината на Европа и иднината на проширувањето

Во рамките на денешната конференција на тема „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“, учествуваа заменик-претседателката на Комисијата за европски прашања, Арта Зендели-Билали и претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николовски.

Конференцијата, во организација на Европското движење на Северна Македонија, се оддржува во рамките на традиционалното одбележување на 9 Мај - Денот на Европа, а ја отвори претседателката Милева Ѓуровска.

Во рамките на собраниските активности, во поглед на  евроинтегративните процеси, свое обраќање имаше заменик претседателката на Комисијата за европски прашања, Арта Зендели-Билали, која истакна дека живееме во време на економски, социјални, политички и институционални промени, и дека секоја земја членка и секоја земја од Западен Балкан, како идна членка на Унијата, самата Европска Унија и граѓаните на Европа, треба да решат како ќе се справат со промените кои следуваат, водејќи се притоа од  лекциите од историјата. Во тој контекст, посочи дека Северна Македонија заслужи да се движи понатаму на европскиот пат и дека Eвропскиот совет би требало, во јуни, конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите, од март минатата година, преку усвојување на Преговарачката рамка и одржувањето на Првата меѓувладина конференција.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николовски, истакна дека за влез во ЕУ, потребни се сериозни напори за реализирање на ЕУ реформите и дека посебно се важни реформите во судството, како и во борбата против корупцијата, која не само што ни е потребна за влез во ЕУ, туку  и за  нас самите. Во врска со прашањето  за билатералниот спор со  соседна Бугарија, истакна, секако, дека на двете страни им се потребни добри пријателски односи и врски како на две соседни земји, поради што е потребно да се направат напори за подобрување на сегашните состојби.

На настанот свое обраќање имаше и амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Анке Холштајн, која истакна дека во јуни, за време на  португалското ЕУ претседавање, не треба да се одвојуваат Албанија и Северна Македонија, туку на двете земји да им се одобри преговарачката рамка.На Конференциата беше поздравена стратешката дискусија за Западен Балкан, на состанокот одржан на 10 мај во Брисел, за европската перспектива на земјите од регионот, и очекуваме да има позитивен импакт и на состаноците на Советот за општи работи во јуни.

Click